Пронајден мртов жител на с. Слепче, О. Долнени, во близина на манастирот „Св.Никола“ кај ова село


Денеска (21.12.2023) во 10.15 часот во близина на манастирот „Св.Никола“ во с. Слепче, општина Долнени, бил пронајден починат Г.А. (58), за кој на 20.12.2023 во Полициското одделение Ропотово неговиот внук З.Ј.(41) од Прилеп пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи