Браќата Магдески од ЏК Сеишин избрани за најдобри во своите возрасни категории


На 21.12.2023 во Прилеп во организација на Џудо Федерација на Македонија се одржа свечена церемонија за доделување на награди за најуспешни клубови:

1.Џк Миоки – Скопје

2. Џк Сеишин – Прилеп

3.Џк Дрим – Струга

Имаше прогласување и на најуспешни спортисти. Браќата Магдески од ЏК Сеишин беа избрани за најдобри во своите возрасни категории!

Вице Шампион доделен пехар на Никола Магдески ЏК Сеишин- Прилеп, за најуспешен натпреварувач категорија кадети.

Доделена плакета на Георгиј Магдески ЏК Сеишин-Прилеп за најуспешен натпреварувач категорија јуниори.

Доделена плакетана Д-р Никола Мариновски, ЏК Сеишин-Прилеп за посебен придонес во досегашното работење во ЏфСМ.

„За овие награди заслугата е подеднаква на сите од нашиот клуб од најмалите 4 годишна возраст до највозрасните наши членови над 70 годишна возраст, родителите и нашите поддржувачи и помагатели. ПРОДОЛЖУВАМЕ“, велат од ЏК Сеишин.

За најуспешни џудо спортисти беа прогласени:

– Помлади пионерки – Емилија Паскоска

– Помлади пионери – Марко Димитријоски

– Пионерки – Хамида Друштинац

– Пионери – Амар Бајрамовски

– Кадетки – Георгина Блажеска

– Кадетки – Ива Богдановска

– Кадети – Никола Магдески

– Јуниорки – Лилјана Недановска

– Јуниори – Георгиј Магдески

– Ветеранки – Јелена Јовевска

– Ветерани – Марин Билјановски

– Сениорки – Катерина Ацевска

– Сениори – Еди Шерофовски

Исто така од страна на претседателот на ЏФСМ г-дин Владимир Трпаноски беа доделени награди на поединци за посебен придонес и развој на џудо спортот во 2023 година.

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи