ВИДЕО- „Бехтел и Енка“ сакаат да експропреираат 300 декари најплодно земјиште во прилепско Беровци – жителите не го даваат


Изведувачлот на автопатот Прилеп-Битола, конзорциумот „Бехтел и Енка“ сака да експропреира 300 декари приватно земјиште од прва класа во атарот на прилепското село Беровци кое во моментов целото се употребува за производство на храна. Според изјавите на жителите од компанијата им најавиле дека тука сакаат да градат асфалтна база, паркинг за механизација и бараки за престој и работа на работниците кои ќе го градат автопатот. Жителите се крајно револтирани и велат дека по никоја цена нема да го дадат земјиштето затоа што живеат од него. Прашуваат зошто никој од Владата не дошол досега да им каже за што станува збoр.

Печалеле луѓето, го купувале од Турците во времето, со грбна пот е спечалено и да ни го одземат сега… од овде живее цело село, децава мои, сите овде, жито, пченица, пипер, компир, производството ако ни го одземат, нека ни земат и деца и фамилија, сѐ нека ни земат и ќе не остават на сред улица“, вели Киро Јанчески, жител на с. Беровци.

 

Нема педа слободна површина, сето е обработливо. Јас не знам што ќе се случи со ова население доколку се одземе земјата, никој не нѐ информира од државата, нѐ информираат од Бехтел и Енка. Нѐ повикуваат еден по еден, како сламки, а државата не реагира, нема министер дојдено, нема подрачен, нема никој да кажи луѓе ова ќе биде вака, план или предлог да дадат, мислење, ќе се согласиме, не се согласуваме“, кажа Петре Ристески, жител на с. Беровци.

Жителите незнаат ниту дали експропријацијата ќе биде трајна или времена додека се гради патот. Но истакнуваат и времена да била ако тука се направат асфалтни бази трајно ќе се уништи најплодната почва. Сега доставиле петиција преку адвокат до сите надлежни органи дека не ја даваат земјата. На само неколку стотини метри од тука велат има државно далеку понеплодно земјиште кое не знаат зошто не се користи за оваа намена.

Ние понудивме конкретно решение, затоа што во непосредна близина има неискористени огромни парцели на државно земјиште од стотици хектари, на кои Бехтел и Енка би можеле непречено да ги извршуваат своите планирани градежни активности, без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експропријација и да плаќа надоместоци. Свесни сме дека изградбата на државни патишта е од јавен интерес, меѓутоа нема повисок јавен интерес од опстанокот на населението“, изјави Ангела Ѓоргиоски, правен застапник.

 Доколку се имплементира оваа експропријација се доведува во прашање егзитенцијата и опстанокот на 103 семејства или околу 400 жителиод селото Беровци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи