ВИДЕО – ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп денеска го одбележа својот патрон празник


ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп денеска го одбележа својот патрон празник, 115 години од раѓањето на еден на нашите најголеми книжевници, најпознат по својата поезија, Koста Апостолов Солев Рацин. Активностите започнаа со мала приредба, положување на цвеќе и оддавање почит пред неговата биста сместена во училиштето. Одбележувањето беше во соработка со СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп и ООУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци. За сите присутни имаше поодготвено традиционални македонски и турски специјалитети.

„Советот на родители од нашето училиште и советот на родители од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ приготвија традиционални јадења. Оваа активност ја спроведивме затоа што на 21 декември беше Денот на турската азбука. Јас се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, нека ни е честит патрониот празник, да го славиме уште многу години“, кажа Јулијана Тренкоска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 

„Во проектот и ние учествувавме со традиционални јадења од турската менза. Посебно ни е драго што бевме приклучени на ваква активност и се надевам дека во иднина ќе соработуваме и со другите училишта“, додаде Усеин Арифоски, директор на ООУ „Кирил и Методиј“ од с. Канатларци.

 

Чест и задоволство беше да се соработува со двете основни училишта, ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и “Св. Кирил и Методиј“ од Канатларци. Денес по повод патрониот празник двете основни училишта и нашето СОУ „Орде Чопела“ учествуваа во мимо активност. Се надевам дека нашата заедничка соработка ќе продолжи и понатаму и ќе вроди со уште поголеми активности во иднина“, истакна Тереза Златеска, директорка на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

Веднаш потоа одбележивањето на овој ден се префрли во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, каде во големата сала се одржа и свечена академија на која со свои точки настапија учениците.

22 декември, денот на нашиот патрон Кочо Рацин кој се истакнал со својата стихозбирка објавена во 1939 година во малото градче Самобор, близу Загреб во Хрватска. Со неа тој го повикува народот на борба против ропството и угнетувањето“, рече една ученичка.

 

Уште од мали нозе тој ја има љубовта кон пишаниот збор и во таванската соба, под тивката светлина на свеќата тој читал многу книги. Тој пишувал љубовни картички на неговата љубов Рахилка Фирфова – Раца, а некои картички успеал да ги напиши и со сопствената крв. Тој е многу важен за денешната наша писменост поради неговата стихозбирка „Бели Мугри“. Таму ја напишал и песната „Ленка“ која и до ден денес буди тешки чувства за читателите“, додаде друг ученик.

Инаку годинешното мото на целата манифестација беше „Ѓердан зборови, Рацин говори“. Мото кое што учениците ќе продолжат да го практикуваат и во иднина при организацијата на други настани и манифестации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи