ВИДЕО – Трипуновски: Субвенцијата за прва класа тутун да биде 110 ден., производна цена да ја утврдат експерти и таа цена да се зголеми за 30%


Продолжува бојкотот на откупот на тутун од страна на тутунарите. Досега според Ддржавниот земјоделски инспекторат кај 10-те откупувачи биле предадени само околу 500 тони на тутун што било премалку. Тутун во мали колични предаваат само тие што итно им се потребни пари. Останатите велат дека нема да го предаваат за цена од 300 денари, затоа што не е исплатливо.

„Реалната цена за тутунот не треба да биди под 450 денари за килограм. А и субвенцијата за тутунот треба не 110 денари туку 2.5 евра за килограм да биди за ние да опстанеме како земјоделци. Оти овде оваа година не 13 милиони килограми туку нема ниту 10 милиони. Само си прават реклама помеѓу себе“, истакна Џевдет Ибраимоски, тутунопроизводител од  с. Канатларци.

 

„Ние не се согласуваме со таа ситуација. Мене лично тутунот ми е спремен, над 80% е подготвен, но за таа цена не го предаваме до последен ден. Не ни се исплати нас маката за да се предаде за 300 денари. Поради што имаме зголемени трошоци, а намалено производство, значи по декар се намалени приносите, а трошоците се зголемени. Тука имаме проблем и тутунот под 450 денари не ни се исплати да го предаваме“, додаде Марјанчо Цветкоски, тутунопроизводител од Прилеп.

Претседателот на комисијата за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, денеска на средбата со тутунарите во Прилеп истакна дека тие ќе побарале од Владата производната цена на тутунот да ја утврди стручната јавност и таа цена да се зголеми за 30%. Таа цена би се диктирала преку државниот комбинат во Прилеп, а како втора мерка субвенцијата за прва класа од 80 денари, државата да ја зголеми на 110 денари за килограм.

„Доколку Владата овие денови не го прифати нашиот предлог доколку ВМРО-ДПМНЕ земе учество во техничката Влада, каде што на опозицијата и следува технички министер за земјоделство, односно заменик министер за земјоделство ќе се предложи официјално на владина седница предлог измена на ова што го нудиме денес“, истакна Цветан Трипуновски, Претседателот на комисијата на земјоделие во ВМРО-ДПМНЕ.

Од државниот земјоделски инспекторат ги повикаа земјоделците да не се лажат да го предаваат тутунот на некои сооштенија од откупувачите дека ако се покачела цената разликата ќе им бидела исплатена подоцна.

„Сакаат да ги доведат тутунарите во заблчуда, ние не можеме на тоа да реагираме, затоа што тоа е во форма на известување. Да го прочитаат добро законот и крајно време е да ги зголемат цените по класи. . И апелирам на тутунарите да не подлегнуваат на такви дејанија“, изјави Јане Станкоски, директор на Државен земјоделски инспекторат.

Премиерот Ковачевски пак на интерна партиска трибина, пред неколку денови во Прилеп, која не беше отворена за медиумите, изјави дека лани биле дадени 26 милиони евра субвенции. Годинава бидејќи има двојно помалку тутун државата ја разгледувала можноста да бидат дадени истите средства. Но никој јавно ниту од СДСМ, ниту од Владата не е излезе да образложи како точно ќе се изведе ова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи