ВИДЕО – СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ попладнево го одржа Новогодишниот хуманитарен базар


Средното Општинско Училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп во кругот на училиштето попладнево го одржа Новогодишниот хуманитарен базар насловен како „Подари насмевки“. Учениците од ова училиште подготвија разни разни изработки и украси кои ги продаваа по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за дечињата кои го посетуваат  Центарот за церебрална парализа од нашиот град, а дел за лекување на 12 годишниот Ангел Христовски кој боледува од ретка вродена мускулна дистрофија. Лекувањето за стопирање на болеста во Кина чини 23.000 долари, пари кои семејството не е во можност да ги обезбеди во овој момент.

„Учениците од СОУ Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп по повод Новогодишните и Божикните празници се одлучија заедно со своите наставници да дадат свој придонес, да изработуваат новогодишни изразботки и истите да ги продадат и парите да ги донираат во хуманитарни цели. Овој настан видно ги исполни срцата на нашите ученици како и на гостите од другите училишта кои што ни беа присутни“, рече Христина Бозоска Николоски, директорка на СОУ Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.

Учениците истакнаа дека  за овој базар се подгорвувале подолг период и дека сите овие израбтки биле направени од природни материјали. Се надеваат дка овие активности ќе преминат во традиција.

 „Ние се подготвувавме скоро 2 недели за овој настан, имаме направено над 100 креации под менторство на еден професор. Сите креакции се направени од природни материјали како дрва, шишарки и слично и сме многу благодарни што овој настан се одржува кај нас и би сакале ова да прерасне во традиција и да се одрѓива секоја година за да се помогне на загрозените семејства и на тие кои им е потребна помош“, изјави Теона мајнова, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.

 

„Со посебна чест и задоволство го организиравме овој базар за хуманитарни цели, посебно не мотивираше за да работиме и му благодариме на сите кои не посетија за да го оствариме ова“, кажа Ива Милошеска, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.

 

Се надеваме дека овој настан ќе премине во традиција и ќе се одржува повеќе години, со цел да се помогне на повеќе семејства“, додаде Ангела Колеска, ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп.

На базарот беа понакети сите граѓани за да се соберат што е можно повеќе средства за оние на кои помошта им е најпотребна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи