ВИДЕО – Чалгиска и староградска музика, ДЈ, Божикни песни, хорски настапи, детска програма и вкусна храна на Новогодишниот базар во Прилеп


Општина Прилеп оваа година по примерот на повеќе градови од нашето опкружување како од државата така и од странство ќе организира Новогодишен базар на платото кај Градскиот саат. Ваквите новогодишни базари се дел од традицијата и културата на повеќе народи во Европа, истакна советникот за култура во Општина Прилеп, Снеже Ристеска.

„Оваа организација ќе биде во соработка со Здружението Slow Food Prilep чии членови ќе им подготват на прилепчани многу производи направени од вредните раце на малите домаќинства. На 28, 29 И 30 декември на платото пред Градскиот саат ќе може да се најдат на повеќе од 20 излагачи најразлични кондиторски производи, пијалоци, производи од срма, накит, пчелни производи, косметика и слично. Така што прилепчани ќе може да уживаат во една пријатна атмосфера, добро расположение. Овој базар ќе биде проткаен и со забавна програма, од локални интерпретатори, тука ќе се најдат чалгиска музика, староградска музика, ДЈ, Божикни песни, хорски настапи, детска програма и слично.

Сите интерпретатори се локални од нашит град. И тоа е целта да им се  помогне на локалните интерпретатори, да имаат место каде може да се претстават и нашите сограѓани да ги слушнат. А меѓу излагачите ќе има и од другите градови од Македонија така што јас се надевам дека овој настан ќе предизвика интерес кај сите посетители и кај оние случајни минувачи кои ќе поминат тука и ќе може да уживаат во добрата забава, убавата музика, вкусната храна, па и некое подароче за да ги израдуваат своите најмили. И едноставно да направиме спомени кои ќе останат во сеќавање.

Овој настан ќе се случува на 28, 29 И 30 декември од 11 до 15 часот“, кажа Ристеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи