ВИДЕО – Што ја спречува изградба на нов театар во Прилеп – нови префрлања на топката централна-локална власт


Дали после огромен број на празни ветување во 2024 година во Прилеп конечно ќе започне изградбата на нов театар ветуван од голем број локални самоуправи и централни власти? Министерката Бисера Костадиновска Стојческа истакна дека пари биле обезбедени но дека пречката во овој момент не била кај државата туку кај Општина Прилеп која не им издавала дозвола за градба. Инаку новиот театар во Прилеп треба да биде надограден на посточекиот Центар за култура „Марко Цепенков“ односно во продолжение на Галеријата и ќе го опфаќа местото кое сега домот го издава на угостителски објекти и на просторот каде се наоѓа сегашното кино Мис Стон.

Повторно имавме застој од неколку месеци каде што во секторот Урбанизам во Општина Прилеп не можевме да го добиеме одобрението за градба. Она што го имавме како одговор од нивна страна беше дека тука има некој активен процес кој пто требаше да се заврши со одреден временски период. Јас се надевам дека тоа е завршено и дека Општината го има затворено тој процес и дека во 2024 година одделивме средства во буџетот и дека конечно ќе може да започнеме со изградба“, истакна Бисера Костадиновска Стојческа, министерка за култура.

Од Општина Прилеп велат дека одлука со Одлука на Советот на општината на седница одржана уште на 20 септември оваа година се направила техничка исправка Деталниот урбанистички план токму во овој дел на градот и дека сега се е во рацете на Министерството за култура бидејќи биле отстранети сите пречки.

Дали конечно ќе завршат овие префрлања на топките централна – локална власт и в година ќе започне изградбата на театарот или пак изборите повторно ќе го пролонгираат или пореметат овој процес останува да покаже времето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи