Здружението „Преродба“ од Прилеп по втор пат го организираше предновогодишниот хуманитарен концерт


Здружението „Преродба“ од Прилеп по втор пат го организираше предновогодишниот хуманитарен концерт. Годинава собраните средства ќе бидат неменети за 2 годишниот Марко Мицески од Прилеп кој боледува од Angelman Syndrom кој е еден од најретките во светот. Марко има големи потешкотии во неговиот развој.Се уште не оди, ниту пак зборува, и не ги разбира неговите врсници и наредбите. Има и чести бубрежни инфекции, поради што му се направени 4 хирушки интервенции. Родителите надежта ја гледаат во пресадување на матични клетки во Турција, каде само првиот третман чини 19.000 евра, а потребни се најмалку 3 третмани.

На концертот освен пејачката група на здружението „Преродба“ настапија со свои точки и најмладите од детската градинка „Наша Иднина“, потоа „Пензионер“ од Прилеп, пејачка група „Гердан“ од Штип, здружението на пензионери од Кичево, пејачката група „Нико Пусоски“ од Кичево, Тони Оцески од Велес, Алексо Пришоски од Кичево, здужението на шензионери од М. Брод, како и играорците од КУД Моминок Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи