Одлична изведба на претставата „Со нив или без нив“, на драмска секција на СОУ „Ѓорче Петров“- „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“


Синоќа, во НТ „Војдан Чернодрински“, пред преполна сала, Драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ ја изведе драмата „Со нив или без нив“, по текст и режија на Филип Стојаноски и менторство на проф. Билјана Тинтоска.

„Членовите на секцијата успешно, пожртвувано и со многу љубов претставија емотивна социјална драма со трагични и реални случки од нашето секојдневие. На сцената гледавме паралелни слики на два дијаметрално спротивни света – на екстремно богато и разгалено семејство, од една страна и многу сиромашно а патријархално семејство од друга страна. Во центарот на вниманието беше трагизмот на двете, секој на посебен начин, а споени околу идејата дека ,,Она што може да се купи со пари евтино е!“, вели професорката Билјана Тинтоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи