Повторно проблеми со превозот на прилепските ученици кои учат во Битола, двајца ученици оставени на т.н. „селска автобуска“

Повторно проблеми со превозот на прилепските ученици кои учат во Битола, а ги користат услугите на транспортната компанија „Транскоп“. Денеска двајца ученици биле симнати на т.н. „селска“ автобуска во Битола поради тоа што за нив немало место во автобусот. Загрижени родители кои се обратија до нашата редакција изјавија дека после долги расправаии со надлежните во „Транскоп“ и пријава на случајот во полиција од оваа компанија децата до Прилеп биле донесени со автомобил.

Родителите велат дека ова не е прв случај децата да бидат оставени со часови да чекаат за превоз. Имено „Транскоп“ наместо да користи специјални автобуси за ученички превоз учениците се превезуваат со редовните меѓуградски линии. Родителите велат дека проблемите настанувале тогаш кога автобусите се полни, а предност имаат другите патници, наместо учениците кои треба да чекаат автобус кој има слободни места.

Од „Транскоп“ Битола признаваат дека во редовната линија немало место, но дека веднаш било испратено друго возило и дека секогаш кога ќе имало вакви проблеми биле испраќани дополнителни возила. Но на нашето прашање зошто наместо со специјални линии за ученици, децата се возат со меѓуградски линии немаше одговор.

Родителите бараат надлежните да реагираат и конечно да се реши овој проблем кој траел со години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи