Серија на физички напади во Прилеп во ист ден

На 25.12.2023 во 00.10 часот во ОВР Прилеп, Д.А.(30) пријавил дека на  24.12.2023 околу 23.30 часот на ул. „Тризла“ бил физички нападнат од М.Н..

Истиот ден во 03.30 часот во ОВР Прилеп, М.С.С.(41) од Прилеп пријавила дека околу 00.40 часот на ул.„Александар Спиркоски – Џемо“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Во 04.11 часот пак, во ОВР Прилеп, С.Р.(39) од Прилеп пријавил дека околу 23.40 часот пред казино во Прилеп неговиот малолетен брат бил физички нападнат од Т.Ѓ..

ОВР Прилеп работи на расчистување на трите настани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи