ВИДЕО – Николовски: Тутунарите добиваат зголемени субвенции за 20 до 30 денари, 6.000 ден. по хектар, зелена нафта, а се намалува издатокот од 0.35 на 0.25%


Во обид да го намали револтот кај тутунарите од тоа што откупувачите не сакаат да ја зголемат откупната цена на тутунот бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп, кој е државна компанија, донесе одлука да ги зголеми за 10% откупните цени за сите класи. Министерот Љупчо Николовски денеска најави и тоа дека државата ќе ги зголеми субвенциите за тутунот за 20 до 30 денари.

„Ваквата одлука ТКП за потпишување на нови анекси, односно зголемување на веќе утврдените цени на тутунот, што јасно го истакнав очекувам да го пратат и уште повеќе останатите откупувачи. Дополнително планираме зголемување на субвенциите за дополнителни за 20 до 30 денари по класи за предаден тутун ставајќи го располагање буџетот кој го имаме, кој лани беше рекорден затоа што за прв пат 80% од целиот откупен тутун беше прва класа. И оваа година можам да најавам дека ќе достигнеме рекордна субвенција од 100 или 110 денари за прва класа, зависно од пресметките кои ќе ги направиме на крајот на откупот на тутунот, за кој што верувам дека после овие одлуки и ќе започне и брзо ќе заврши“, истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Освен овие мерки Владата за прв пат ќе ги субвенционира тутунарите и со по 6.000 денари по хектрар за пријјавена површина, за прв пат тутунарите добиват ик зелена нафта со 100%, а ќе се намали и издатокот кон Сојузот на земјодеслки здруженија од 0.35 на 0.25%

„Тутунопроизводителите за прв пат ќе имаат можност да аплицираат и да добијат 6.000 денари по хектар како основна субвенција, се стекнуваат со можност да бидат дел од системот на добивање на зелена нафта и тоа во 100% покривање на трошоци и секако помал дел од она што овластениот претставник на тутунарите од страна на државата го задржува при откупот и тој износ го намалуваме со цел што е можно повеќе средства да останат кај тутунопроизводителите“, рече Николовски.

Од Сојузот на земјоделски здруженија искажаа благодарност за овие мерки и повикаа чекорот на ТКП да го следат и другите откупувачи.

„Нас како тутунари секогаш ќе ни биде малку и колку да се покачи цената. Но јас сакам да истакна една голема благодарност до ТКП и сакам да ги повикам сите други компании да го следат овој пример, во текот на денешниот и утрешниот ден очекувам дека и другите откупувачи ќе го покачат тутунот, ќе направат анекси и дека агонијата од чекањето за непредавањето на тутунот ќе заврши“, изјави Медне Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Дали и другите откупувачи ќе ги покачат цените и дали овие мерки ќе го забрзат откупот и како ќе реагираат на нив тутунарите останува да покаже периодот кој следи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи