Ниловски: ТКП ќе ги зголеми откупните цени за 10%, субвенцијата за 1 класа тутун ќе се зголеми за 20 до 30 ден.


Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени. Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи, истакна на својот ФБ профил министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со што обезбедуваме досега најголема историска финансиска поддршка. Македонската Влада и министерството не ги остава тутунарите сами. Државата прави се и ја вреднува маката на секој земјоделец. Затоа очекувам и другите компании при откупот на тутунот да ја следат оваа политика“, истакна Ниловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи