ВИДЕО – Кај Градскиот саат започна Новогодишниот базар кој ќе трае 3 дена


На платото кај Градскиот саат во Прилеп започна Новогодишниот базар кој за прв пат се организира во овој град и кој ќе трае 3 дена oд денес па се до сабота. Базарот се прави по примерот на ваквите настани во повеќе градови од нашето опкружување. Прилепчани ќе уживаат во богатата забавна програма која ја има за сите вкусови. Настанот се организира во соработка со Slow Food Prilep и на овој базар свое излагање ќе имаат и над 20 производители на разни традицинални специјалитети и сувенири.

„Базарот е исто така проткаен со забавна програма, културно-уметничка програма, овде ќе имаме локални изведувачи, чалгиска музика, божиќни песни, детска програма, хорски настапи и слично. Тоа е еден начин и да се понуди сцена на локалните интерпретатори, исто така и на граѓаните да уживаат во пријатна атмосфера, да вкусат нешто од добро подготвена домашна храна, да разменат некои подароци, имаат можност и да си купат сувенири“, истакна Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

 

Целта е да се приближиме кон поголемите градови, кон тоа што се случува во другите метрополи и да бидиме на чекор поблиску до нив, да има некакво движење во чаршијата во Прилеп, како и поддршка на малите производите, со ова даваме поддршка на малите производители да ги покажат своите производи кои најчесто не се продаваат во продавниците“, додаде Тодорка Наумоска Димески, Slow Food Prilep.

Како и изложувачите така и граѓаните искажаа пофалби за организацијата на настанот и за прекрасната празнична атмосфера.

Еве ние ќе пробаме од ѓомлезето под сач со лук и ореви.

Каква е атмосферата?

Атмосферата е празнична“, вели една посетителка на базарот.

 

Одлично, супер, забава за сите, за народот во градот наш, браво за организаторот, го поздравуваме овој потег, добро е.

Се чувствува ли новогодишната атмосфера?

Има мала еуфорија, сега почнува“, кажа друг посетител.

 

Супер е, супер“, се надоврза трет посетител на новогодишниот базар.

Од Општина Прилеп истакнаа дека во сабота на завршниот ден од настанот Дедо Мраз ќе дели новогодишни пшакетчиња за најмладите, додека пак на 31-ви вечерта односно на полноќ за дочекот на Нова Година во градот ќе има само огномет, а средствата планирани за изведувачи ќе биле пренаменети за хуманитарни цели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи