ВИДЕО – Прилепски водовод доби нов современ СКАДА систем кој ќе придонесе за намалување на загубите и трошоците на претпријатието


Прилеп доби нов современ СКАДА систем кој многу ќе придонесе во намалувањето на загубите на водата и трошоците на јавното претпријатие ЈКП „Водовод и Канализација“. Преку овој систем автоматски се контролира PH вредноста на водата, нејзината матност, колку има вода во високата, а колку во ниската зона на градот. Прилеп и претходно имаше СКАДА систем кој според прилепски водовод бил застарен и затоа требало негова нова современа верзија. Инвестицијата чини 8 милиони денари, сопствени средтсва на претпријатието.

Во секоја минута, во секоја секунда кога има голем дефект скадата го регистрира и на мобилната апликација стасува известување во секој момент. Немаме потреба да чекаме известување од неколку часови за некој проблем кој ќе настани во градот и ќе имаме огромни загуби на вода додека некој да нѐ извести. Откако е поставена скадата, откако функционира во јавното претпријатие, после еден месец имавме такво едно известување каде што се реагираше за 15 минути за да се запри водата и да немаме загуби на вода“, вели Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“.

Во моментов загубите на вода во Прилеп 56%. 20-тина проценти биле загуби поради диви приклучоци, а 30-тина проценти технички загуби. Најголем проблем била застарената водоводна мрежа која треба да се промени што е можно поскоро. А најголем проблем биле големите доводни цевки.

Проблемот е што сите знаеме дека водоводната линија не само во градот, секаде во Македонија имаме главни доводни цевки каде финансиските средства за нивна промена се многу големи. Добив проект преку Министерството за животна средина за еден извор Леково, тоа е од левата страна на вештачкото езеро за приближно 3.7 километри, добив средства и тое ќе биде реализирано во 2024 година, во висина од 1.000.046 евра. Значи можете да претпоставите за една линија од 3.7 километри колкави средства се потребни за промена на тие такви големи цевки“, додаде Гулабоски.

Инаку Прилеп има 250 км. водоводна мрежа од кои над половината се азбестни цевки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи