ВИДЕО – Регулаторна донесе одлука – поскапува водата во Прилеп за 33,9%


Во Новата година Прилеп влегува со поскапа цена на водата. Регулаторна комисија донесе одлука за нејзино поскапување. Според досегашната практика на претпријатието Регулаторна му даваше опсег за колку проценти претпријатието може да ја поскапи водата. Прилепски водовод ја одбрал најниската предложена цена, односно 33,9% поголема од сегашната.

„И ова знаеме дека ќе биде удар за граѓаните, но е оправдан во овој случај затоа што ова јавно претпријатие се соочи со големи финансиски проблеми, не по наша вина, туку пчо вина на светската криза, која беше насекаде не само во Македонија и едноставно Регулаторна мораше да реагира на начин како што реагираше. За една сметка за физички лица цената да биде покачена за 33,9% или на една сметка граѓанинот после одлуката на Советот ќе плаќа приближно плус 190 денари на една просечна сметка за вода“, истакна Игор Гулабоски, директор на  ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Исто така на последниот состанок со Регулаторна комисија било договорено наместо како досега одлуките за промена на цени да се носат еднаш за 3 години, во иднина корекција на цената на водата да има еднаш годишно, за да се избегнат проблемите кои настанаа за јавните претпријатија со енергетската криза која предизвика огромни проблеми за нив.

„Значи сите знаеме таа криза до кој степен ги доведе овие јавни претпријатија во цела Македонија. Никој не може во следните три години каква ќе биде цената на електричната енергија, со горивата, со репроматеријалите, со реагенсите. Затоа претседателот вети дека ова регулирање на цените ќе покрене иницијатива во Влада да биде најмногу еднаш годишно. Тоа е добро и од наша страна има поддршка затоа што некогаш може да се случи да добиеме и намалување на цените од Регулаторна и ние тоа да го прифатиме“, додаде Гулабоски.

Од Прилепски водовод велат дека донесената одлука сега мора да ја потврди и Советот на Општината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи