Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

На 26.12.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи