Новогодишна програма вечерта на 31-ви во Прилеп нема да има – во сабота пак новогодишни пакетчиња за сите дечиња

Новогодишна програма во Прилеп во недела, односно вечерта на 31 декември, нема да има, соопштија денес од Општина Прилеп. Како што велат, Новата Година ќе биде прославена само со огномет во центарот на градот, додека средствата планирани за изведувачи биле пренаменети за хуманитарни цели.

Најмалите пак, во сабота на платото околу градскиот саат ќе имаат можност да се дружат заедно со Дедо Мраз и кловнот Лили и да добијат новогодишно пакетче.

„Почитувани мои сограѓани, драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во сабота 30.12.2023 со почеток од 11:00 часот на платото околу градскиот саат, заедно во една пријатна атмосфера во рамките на Новогодишниот базар.

Заедно со општествено одговорната компанија КАМ, кловнот Лили и Дедо Мраз, ќе доделиме новогодишни пакетчиња за сите дечиња и сигурен сум дека во една магична, новогодишна атмосфера ќе измамиме насмевки кај нашите најмили!

Оваа година за новогодишната ноќ, за дочекот на новата 2024 година ќе имаме огномет во центарот на градот, а додека средствата планирани за изведувачи и било каков организиран дочек ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели!

Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата.

Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2024 година“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи