ВИДЕО – Прекрасна атмосфера и одлична забава на Новогодишниот базар во Прилеп – денеска и Дедо Мраз делеше пакетчиња за најмладите


На платото под Градскиот саат во Прилеп трет ден се одржува Новогодишниот базар кој за прв пат се организира во овој град. Прилепчани уживаат во богатата забавна програма која ја имаше за сите вкусови, чалгиска музика, божиќни песни, детска програма, хорски настапи и слично. Настанот се организира во соработка со Slow Food Prilep и на овој базар свое излагање имаа над 20 производители на разни традицинални специјалитети и сувенири од цела Македонија.

Малку на почетокот бевме скептични за тоа како се би изгледало, но сега на последниот ден гледаме дека сме ја направиле вистинската работа. Презадоволни се сите и изложувачите и производители, како и купувачите“, изјави Тодорка Наумоска Димески, Slow Food Prilep.

Изложувачите велат дека овие настани треба да ги има што е можно почесто како поддршка на малите производите.

 Овој начин на претставување на презентирање треба да биде секоја година и не само еднаш годишно. Треба да биде многу почесто затоа што Градскиот саат во Прилеп е душата и срцето на градот, а гледам дека денеска има и доста туристи и многу убав начин да се претстават луѓето кои произведуваат“, додаде Гордана Цветаноска, производител на традиционални специјалитети.

Денеска на најмладите им се приклучи и Дедо Мраз, но и Баба Мразица кои им подари новогодишни пакетчиња. Упатија пораки за здравќе, љубов и среќа, но и повеќе пари.

Здравје на сите, односно и повеќе пари. Без пари нема ништо, нема здравје, нема љубов, нема среќа“, вели Дедо Мраз.
 

„На сите ви посакувам убави среќни и весели денови и само весели да бидите во Новата Година и Божикните празници, да сте здрави и живи“, рече Баба Мразица.

Дечињата пак со различни желчи што да им донесе Дедо Мраз.

Јас сакам да учам многу и да имам книги“, вели едно дете.

 

„Јас сакам за Нова Година Дедо Мраз да ми донесе куче, тоа е мојата желба, кажа друго од присутните деца.

Утре на полноќ за дочекот на Нова Година во градот ќе има само огномет, а средствата планирани за изведувачи ќе биле пренаменети за хуманитарни цели.

Утре веќер ќе имаме прекрасен огномет за дочекот за сите оние кои ќе сакаат да дојдат едно поздравување и мало обраќање, желбата ќе биде оваа година да заврши, а Новата да донесе поголеми радости и среќа“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Беше порачано дека в година овој базар ќе трае повеќе денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи