ВИДЕО – 2023 добра за прилепските извозни компании, во 2024 се очекува уште поголемо зацврстување на европските пазари


2023 година била доста добра за прилепските компании, особено кај оние што се извозно ориентирани. Од Регионалната стопанска комора велат дека анкетата која ја направиле кај своите членки покажаал дека речиси кај сите компании има раст на извозните и другите производствени планови. Што пак од друга страна се покажало дека кризата во овој случај наместо како кочница таа станала можност за унапредување.

Тоа се должи, пред сѐ, на промената на културата на европските компании, главно во промена на културата на добавувачите. Самата глобализација ги донесе и позитивните и негативните работи. Последиците од негативните работи мислам дека се надминуваат со тоа што веќе ги бараат добавувачите да бидат од Европа“, рече Ирена Јакимоска, претседателка на Регионалната стопанска комора на Прилеп.

 

Може слободно да се каже дека 2023 година беше тешка, посебно првото полугодие, но веќе овој квартал се чуваствува закрепнување, постабилни цени на берзите. За нас ќе заврши како добра година за прехрамбената индустрија“, истакна Владимир Трпаноски, прехранбена индустрија.

 Во 2024 година главните очекувања на компаниите се да се надмине секаква енергетска криза и посветување на зелената енергија, односно искористувањето на обновливите извори на енергија, како и да се искористи оваа поволна ситуација за нашите компании и да се задржи квалитетот на производите.

 „Зашто само со квалитетот нема компромис. Она за што мора да водиме сметка е зависноста од добавувачите, особено од далечниот исток зашто само контејнерскиот транспорт може да доведе до кризни ситуации. Во 2024 година треба да се фокусираме на диверзитет спрема купувачите, па и спрема добавувачитe“, додаде Јакимоска.

 

Очекуваме стабилна 2024 година. Мора да се земе предвид дека не очекува изборна година, но се надеваме дека нема да има проблем со зацртаните цели во инвестициите, па и присуството на странските пазари“, додаде Трпаноски.

Како еден од поголемите проблеми на стопанството останува проблемот со недостиг на работна рака. Дел од него компаниите решавале со преструктуирање на работната сила, зголемување на платите, воведување на нов систем на награди на работниците, инвестирање во нова технологија и систематизација, но се размислувало и за увоз на работна рака.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи