По 4-ти пат искачување на Козјак на првиот ден од Новата година


По четврти пат Прилепските планинари Авантуристи na првиот ден од Новата Година, односно на 01.01. го организираат  искачувањето на највисокиот врв во градот Прилеп, врвот Козјак – 1.747мнв.

Идејата започна уште во 2021 година со помала група на планинари за да во наредната 2022 веќе прерасна во поголема група од над 50 учесници во која година беше и реконструирана и самата диско топка т.е обележјето на самиот врв кој беше оштетен од силните ветрови и големата количина на снег која беше прилепени на самата топка. Летото истата година беше поставен и јарбол со државното знаме на Република Македонија кое речиси три пати во годината тоа се сменува,  Во 2023 беше променето со ново па така и оваа 2024 ќе биде променето со ново знаме и со нови знаменца на самото обележје“, вели Владимир Јованоски, член на Прилепски планинари Авантуристи.

Од ова прилепско здружение го покануваат сите љубители на планината и природата да се приклучат на оваа акција и да ја започнат годината со убави моменти.

Искачувањето е во група предводена од професионални долгогодишни планинари водичи кои ја познаваат секоја педа од планината Бабуна и врвот Козјак. Стартот на турата е во 9 часот од паркингот кај селото Плетвар или поранешен ресторан Рај. Спортски поздрав и Среќни Новогодишни и Божиќни празници ви посакуваат вашите Прилепски Планинари Авантуристи“, додава Јованоски.

 

Еве како изгледаше искачувањето на Козјак на 01.01. претходните години.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи