ЏК Сеишин од Прилеп 2 место во генерален пласман на ниво на Македонија


На 25.12.2023 година во понеделникот во 19.30 часот Џудо Клубот Сеишин-Прилеп одржа полагање за ученички појаси и пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2023 година на ниво на клубот, потоа доделување признанија за заслуги  на клубот како и елаборирање на постигнитатите резултати и останати активнисти во 2023 година.

 Краток осврт на постигнати резултати, организација и  учество на настани  во 2023 г.

Во натпреварувачката 2023 година Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп зеде учество на следните натпревари во џудо:

  1. 07 Државни Првенства  со  освоени 66 медали ( 18 златни, 24 сребрени и 24 бронзени);
  2. 17Меѓународни Турнири со освоени 125 медали (27 златни,42 сребрени и 56 бронзени медали);
  3. 6 БалканскиПрвенства (15 членови на клубот како РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ) со освоени 7 медали  (3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал) како и две 7 ми места;
  4. 1 европски куп за Јуниори-киСкопје, каде во составот на нашата репрезентација учество зедоа 4 наши членови од кои освоено е едно 7 место.
  5. Учество на Европски младински Олимписки игриво Марибор Словенија -џудо спорт.

Имено на овие Првенства освоени се вкупно 198 медали и 3 Пехари.

 

Пехарите се освоени на следните Првенства:

Меѓународен Турнир „Прилеп град Херој 2023“ најуспешен клуб категорија п.пионерки

Меѓународен Турнир „Миоки Опен -2023“најуспешен клуб категорија п.пионерки

Државно екипно Првенство за Сениори-ки, за освоено 2 ро место Екипно.

 

Најзначаен успех за 2023 година  е освоеното 2 место во генерален пласман  на ниво на Македонија.

 

Клубот оваа година организира и 1 Меѓународен Турнир (традиционално 13-ти по ред, со голем број на натпреварувачи 300 од  31 клубови учесници, а особено е важно што присуствуваа 2 странски еминентни џудо стручњаци Вук Рашович од Србија носител на највисок степен во Европските простори, џудо мајстор 10 Дан (Претседател на балканската ветеранската џудо асоцијација и  Г-ин Миле Матијевиќ џудо мајстор  6-ти Дан од Босна и Херцеговина. Исто така беше организиран 1 турнир на клубско ниво. Исто така клубот Сеишин годинава организираше 2 стручни национални  семинари за џудо тренери и џудо судии.

Членовите и стручните лица од ЏК СЕИШИН-Прилеп во рамките на организацијата на Балканските Првенства за Кадети во Крушево и Ветерани во Прилеп како и Европскиот Куп за Јуниори во Скопје дадоа голем придонес во организационите активности.

Клубот со свои претставници зеде учество уште на 3 Меѓународни џудо кампови и тоа во Босна и Херцеговина, Србија Македонија-Скопје.

Потоа стручните лица на клубот зедоа учество на   3 стручни семинари за џудо тренери и џудо судии:

–  2 Семинари за лиценцирање џудо тренери и џудо судии;

– Меѓународен семинар за едукација на џудо судии;

Се одржаа и 2 заеднички џудо тренинзи со други клубови.

-Поголем број членови на клубот како кандидати за селекциите постаросни категории учествуваа на неколку викенд тренинг подготовки во нашата држава.

Стручните и делегирани лица како претставници од клубот кои извршуваат функции во телата и органите на Џудо Федерацијата,активно партиципираа во сите тековни активности кои ги организира федерацијата.

Во преодниот период клубот организираше летни физички подготовки а истовремено и дружења. Истите се одвиваа на отворените спортски терени во град Прилеп.

Џудо Клубот Сеишин  во текот на 2023  организираше 2 полагања за ученички појаси со своја 3 члена стручна комисија и претставник од Дан комисијата при ЏФСМ.

Неколку членови на клубот се носители на ДРЖАВНИ СТИПЕНДИИ (СПОРТСКА НАДЕЖ од Агенција за Млади и Спорт и Талентирани Ученици-СПОРТИСТИ од Министерство за Образование и Наука).

Сите членови на клубот кои се здобиле со награди од освоени места од Државните и Балканските Првенства се имаат здобиено со еднократна парична награда од општина Прилеп согласно правилникот за наградување на спортисти во општината.

Од хуманитарен аспект нашиот клуб зеде активно учество во хуманитарната акција на денот по повод предвремено родени деца ( на иницијатива на родител на наш член) каде нашиот клуб додели и ваучери за бесплатно вежбање.

Потоа наши претставници на покана на Невладината организација „Детска амбасада За сите деца во светот“ учествуваше на заеднички божиќен хуманитарен ручек.

Потоа дел од повозрасните членови зедоа активно учество во помошта за доизградба на манастирот Св.Никола во с.Загорани.

Џуdо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2024 година.

Планираме програма со поинтензивни настапи на Меѓународно ниво.

ПРОГЛАСУВАЊЕ на НАЈДОБРИ за 2023

Листа на најдобри натпреварувачи на ниво на клуб за 2023 година:

Јуниорки: Кристина Мантароска

Јуниори: Георгиј Магдески

Кадетки: Елеонора Илиоска

Кадети: Никола Магдески

Пионерки: Теодора Илиоска

Пионери: Немања Џагадуроски

Помлади Пионерки: Софија Ѓорѓиоска

Помлади Пионери:  Арсениј Димески

Деца момчиња: Владан Стрезоски

Деца Девојчиња: Јана Ангелески

Полетарки: Матеја Николоска

Полетарци: Христијан Бунески

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласен НИКОЛА МАГДЕСКИ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи