ВИДЕО – Јовчески: Работевме, чесно, одговорно и напорно на квалитетни проекти од витално значење за Прилеп, заедно со вас продолжуваме понатаму


Магијата на новогодишните празници е во споделување среќа, а таа се шири и пренесува со убави зборови. Новогодишните и божиќните празници се убави моменти, кога со другите се споделува радоста, среќата и спокојот. Затоа, во овие моменти, искрено Ви посакувам, Новата 2024 година да Ви биде исполнета со спокој, ведра мисла и добро здравје, вели во своето новогодишно обраќање, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Зад нас, оставаме уште една година исполнета со бројни предизвици; економски, урбани, политички, безбедносни.  Но, секогаш, кога завршува една година, важно  е да го согледаме и  цениме сето она што сме го направиле и постигнале и да  создаваме подобар почеток без разлика дали се работи за лични достигнувања или за пресвртници што ги постигнавме како заедница.

2023 година беше година на промени за поквалитетен живот на граѓаните на Општина Прилеп.

Работевме, чесно, одговорно и напорно во реализирање на квалитетни проекти од витално значење за нашиот град и населените места и покажуваме решителност да создаваме, работиме и креираме во интерес на граѓаните.

Заедно со вас ќе продолжиме во истиот дух , и во Новата 2024 година. Со уште поголема динамика, со нови планови, проекти, нова енергија, знаење и одговорно работење.  Оваа Нова 2024 година, е почеток на едно сосема ново поглавје. Продолжуваме заедно да го развиваме нашиот Прилеп во еден урбан и модерен град, град на можности и напредок.

Сигурен сум дека наредната година ќе успееме да ги оствариме нашите цели.

Затоа, Ви посакувам да останете во добро здравје и да имате среќна, просперитетна  и успешна 2024 година и да го сакаме и да се грижиме за Прилеп! Среќна Нова година и среќни божиќни празници!“, истакнува Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи