Слово за расонување од новогодишната еуфорија

Facebook
Twitter
Email
Print


Гледам дека сношти нешто му фалеше на моите прилепчани,нешто ги вознемири, ги отрезни, им ги отвори очите телесни, а слава Богу и на духовните. Се осети духот на празнината,духот на разочарување, некако се разбудивме мамурни ,ама не од алкохол туку како од отров кој катадневно да сме го пиеле го децении.

Прашањето “Каде терате деца…” од постарите од мудрите наши татковци и дедовци нѐ стаса таму каде што нѐ чекаше во чошо на реалноста и вистината. Резултатот на вчерашната атмосфера е духот на ова општество кое толку го посакувавме , “европско”, “цивилизирано”,”културно”…

Еееј прилепчани каде ви е сега вашата “европска перспектива”, се фативте во стапицата на лагата која ве труеше со години, а слава Му и со децении. Каде ви е вашето насмеано лице, вашата ведрина , љубовта како браќа , кога само пред 10тина дена славевте заедно на плоштадот како едно семејство, игравте ора , пеевте, се смеевте, го славевте Бога во Неговите светии, го славевте споменот на св.Никола, бев вчудоневиден и пресреќен кога ве гледав како славевте како едно семејство…што ви стана сега, што славевте сношти?

Каде се сега оние што викаа дека календарот е само обичен договор, дека не нѝ “менува” нас што ќе славиме и на кој ден, дека не е толку битна догматска работа, е па еве видете , еве ви мегдан , па размислете, споредете какви бевте за Св.Никола, а какви бевте сабајлево,вредеше ли вашево “светско”,”европско”,”културно” славење на ноќта по која денот што настапува е само една бројка плус. Вреди ли секуларноста европска која е прва проповед при секое наше сретнување. Разбудете се од вашиот псевдо-југословенски сон и размислете, расудете, влезете во вашето духовно чистилиште и отрезнете се и запрашајте се “КАДЕ ТЕРАМЕ…”

Обрнете се кон Истокот (Изворот) Христос , и одвратете се од крајот, завршетокот западот, каде што денот завршува со ноќ, светлината со темнина и мрак.

Сетете се што славевте во денот на вистинската радост, кој не е само еднаш во годината ами секој ден кој е посветен на некој светител/светителка, наш прадедо/прабаба, наш татко/мајка и спремете ги вашите души за вистинското славје кое нѐ очекува во денот на Рождеството на нашиот Бог и Спасител Исус Христос, кој е вистинската и суштата причина и смисла на нашиот живот. Не ве убедувам, но ве замолувам како ваш најмал и најгрешен брат да размислите и да споредите, како се чуствувавте кога го славевте споменот на светиот Никола нашиот заштитник, а како се чувствувате сега кога се разбудивте од сонот на пијанството, блудот, порокот стожерот на гревот и прашајте се ДАЛИ ВРЕДЕШЕ?

По молитвите на светиот Бонифациј , Господ да нѐ приведе кон покајание и исповедање на вистинската вера и животот во вечноста.

Автор на колумната : чтец Андреј Иваноски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи