ВИДЕО – Прилепските планинари Авантуристи по 4-ти пат се искачија на Козјак нa првиот ден од Новата година


По четврти пат Прилепските планинари Авантуристи денеска нa првиот ден од Новата Година, односно на 01.01. го организираа  искачувањето на највисокиот врв во градот Прилеп, врвот Козјак – 1.747мнв.

„Четврта година по ред Прилепските планинари авантуристи организираат искачување на највискиот врв на градот Прилеп, врвот Козјак. Четврта година по ред се сме побројни и побројни. Оваа година како и претходната имавме намера да го смениме знамето на Република Македонија кое што се наоѓа на врвот, но поради силниот ветар тоа денес не може да се направи, ќе го направиме некој друг ден. Да им посакаме среќни парзници на сите Новогодишните и Божикните кои ни следат. Од наредна година се надеваме дека ќе се сплотат сите планинари од Прилеп и сите планинарски друштва од нашиот град, заедно да го направиме ова искачување да бидеме уште побројни, а не да се делимe. Поздрав и секое добро на сите планинари во Македонија“, вели Владимир Јованоски, Прилепски планинари Авантуристи.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи