Победниците на Божикниот конкурс на храмот „Св. Петка“ ќе бидат соопштени на Бадник


Храмот „Св. Петка“ ги известува учесниците на Божикниот награден конкурс дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе биде на 06.01.2024 во самиот храм.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Почитувани учесници на Божикниот награден конкурс при храм „Св. Петка“,  ве известуваме дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе биде на 06.01.2024 г., односно в сабота на Бадник со почеток во 11:30 часот во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп.

На отворањето на настанот ќе настапи и солистичката група „Reborn of Byzantium“.

Утрото на Бадник ќе биде отворена и уметничката изложба на која ќе бидат претставени ликовните и дел од литературните творби.

Бидејќи организациониот одбор одлучи да не ги открие порано добитниците на наградите, се замолуваат сите учесници да бидат лично присутни на чинот на прогласувањето и доделувањето на наградите заради збогатување на настанот и за да можат наградените да ги примат наградите како и наградата која ќе ја добие секој учесник на Божикниот конкурс.

На настанот ќе присуствуваат и учесниците во Бадниковата поворка!

Доколку, според најавите, дозволат временските услови, настанот ќе се одржи под отворено небо односно на платото пред храмот“, истакна в.д. старешината на храм „Св. Петка“, протоереј Љупче Петрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи