Бесими: Нема да има зголемување на платите на функционерите во 2024

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција за отчетот за сработеното во минатата година, како одговор на новинарско прашање, рече дека во 2024 не се предвидени дополнителни средства во буџетот за зголемување на плати на функционерите.

Платите на функционерите минатата година со интервенција на Уставниот суд се зголемија за 78 отсто, а оваа година основата за зголемување на нивните доходи ќе биде уште поголема, бидејќи се очекува раст на просечната плата во Македонија на годишно ниво.

„Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024. Тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има законски интервенции тоа да не се случи во 2024. Дополнително зголемување во однос на 2023 нема да има“, рече министерот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи