Владата се предомисли – 7 и 8 јануари сепак ќе бидат неработни денови

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа в недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-тата владина седница.

Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови во согласност со Законот за празниците. На денешната седница одлучи да престане да важи препораката за работа на 7 и 8 јануари 2024 година на продавниците, штандовите и на киосците што вршат трговија на мало за време на божиќните празници, која што ја донесе на 31 декември 2023 година.

„За време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата“, стоеше тогаш во соопштението од Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи