Лукаревска: Три познати нафтени компании сакале да затајат данок

Facebook
Twitter
Email
Print


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната средба со медиумите рече дека завршува акцијата која се прави против нафтените компании за затајување на данок.

„Денеска до полноќ треба да завршиме уште со попис во една бензиска пумпа. Таму оди потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од регионална дирекција Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за посебна мрежа и за три познати бензиски пумпи од различни региони од државата“, вели директорката околу најавуваната истрага за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

Според Лукаревска, по завршување на празниците и пописот, ќе соопштат соодветно известување на јавноста околу истрагата и преземените мерки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи