Утре бидете во Крушево и погледнете ја манифестацијата „Дева“ што се случува единствено тука и во Витлеем


По 10-ти пат во Крушево во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ утре во 17 часот во Градскиот парк, во центарот на Крушево, ќе се одржи манифестацијата насловена „Дева“ со која се најавува Христотово раѓање. Крушево е единствениот град во Македонија каде вечерва за Коледе не се палат Коледарски огнови, туку Божик се најавува токму со оваа манифестација, која тука опстојува со векови.

Куриозитет е тоа што освен во Крушево вака овој ден, единствено во целиот свет, се одбележува уште само на неколу други места и Витлеем, во Израел, каде според преданието на црквата и е роден Исус Христос.

Во манифестацијата „Дева“ учествуваат исклучиво млади момчиња, кои ја носат црвената Давидова ѕвезда шетаат низ Крушевските улици и ја пејат песната „Дево Дејане“, одат од куќа на куќа, а домаќините ги даруваат со пари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи