ВИДЕО – Во Крушево се одржа уникатната манифестација „Дева“, уште еден препознатлив бренд за овој град


По 11-ти пат во Крушево во организација на СОУ „Наум Наумоски – Борче“ се одржа уникатната манифестација „Дева“ со која што се најавува Христотово раѓање. Куриозитет е тоа што освен во Крушево оваа манифестација стара со векови се одржува на ваков начин единствено уште во Витлеем.

Нашето училиште понесено од тој обичај и сакајќи да придонесе за развојот на туризмот во Крушево, за зголемување на наталитетот, но и за социјалниот соживот со партнерите, кафаните и другите чинители тука за развојот на туризмот, ја организира оваа манифестација со помош на наставниот кадар, но и на нашите ученици. Најпрво тука на плоштадот веќе долги години имаме една импровизирана куќарка во која се наоѓаат 2 јагненца, а на платната е комплетно објаснет чинот на манифестацијата, додека во касичката се собираат средствата за првото новороденче“, изјави Зорица Кузманоска, дел од наставниот кадар во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

Во манифестацијата „Дева“ учествуваат исклучиво млади момчиња, кои ја носат црвената Давидова ѕвезда шетаат низ Крушевските улици и ја пејат песната „Дево Дејане“, одат од куќа на куќа, а домаќините ги даруваат со пари.
Оваа манифестација не е добра само за нас, туку и за туризмот во Крушево. Со повод на овој празник имаме многу туристи кои вечерва се тука со нас и мислам дека вреди да се дојди за да се види една интересна и малку поинаква традиција од останатите градови, како што кажавте ја има само во Крушево и Витлеем“, кажа Атанас Ташкоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

 

Од мали навистина сакаме да се продолжат, бидејќи ова е уникатен празник, настан, бидејќи се одржува само тука во Крушево и во Израел, во Витлеем, никаде на друго место“, додаде Кети Божиноска, ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.

Од Општината велат дека настанот „Дева“ претставува уште еден од низата препознатливи брендови за Крушево кој привлекува посетители од сите околни градови.

Ние како Општина Крушево продолжуваме со промоција и со поддршка на вакви настани, каде ја поддржуваме не само заедницата, туку сѐ она што значи промоција на туризмот, се повеќе посетители и гости најавуваат и пројавуваат интерес во Крушево на вакви настани, на какви Крушево преку традицијата си ја претставува својата храна, производите и сѐ она што значи Крушево како историја и историски вредности“, истална Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Собраните средства од кутијата за донации, но и парите кои ќе ги соберат граѓаните кои шетаат со Давидовата ѕвезда ќе бидат наменети како подарок за првото новороденче во Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи