ВИДЕО – Коледарчињата затропаа на вратите, посната трпеза е подготвена – Прилеп ја чува традицијата за Бадник


Прилеп останува горд чувар на традицијата, со голем број обичаи кои ги практикува за Бадник. И ова утро пеејќи ја традиционалната песна „Коледица Варварица“ коледарчињата од Прилеп затропаа на вратите од куќите, а од домаќините беа дарувани, со костења, ореви, овошје, но и по некое париче.

Прво се собираме сите деца, потоа одиме по куќи и тропаме, викаме, пееме, а луѓето ни даваат костенчиња, оревчиња, мандарини, јаболка“, вели Тимеон Мирчевски, коледарче.

 

Потоа на собраните работи што им правите?

Ги јадеме.

Не ги собирате да ги јадете заедно?

Па, понекогашж“, рече Андреј Станковски, коледарче.

 


И што ќе си купиш со паричките?

Сок!

А мандарини јадиш, и ореви?

Јадам.

Што сакаш најмногу од овошјата?

Мандарини“, истана Петар Кржески, коледарче.

Во Прилеп оваа традиција се почитува како во ниту еден друг град во Македонија. Од 7 до 77, и млади и стари учествуваат во празнувањето на овие Боѓикни денови.

Деца мали се радуваат, додека да пораснат ќе идат и колку можеме ќе го одржуваме овој обичај и оваа традиција.

Секогаш ја имало?

Да, ја откако сум овде 24 години оваа традиција е секоја година. Има навика и мажите прво да тропнат после коледарскио оган, наутро да тропнат па да дадеме некое костенче, оревче за да можат да го задржат обичајот. После дедовците продолжија внуците, се родија, еве исто 24 години го одржуваме овој обичај овде“, рече Лилјана Ацеска, жителка на Прилеп.

 

Постарите си правиме една маса и тука се собираат и дечињата, жени, мажи, топлиме ракија, мезе, салати, музика си пуштаме“, кажа Снежана Тодороска, жителка на Прилеп.

Прилепските домаќинки од здружението „Преродба“ традионално ја подготвија посната Бадникова трпеза и раскажаа за големиот број обича и поврзани со овој ден.

Масата се остава, ќе се фатат само тајнирчињата, а јадењето се покрива со фолија. Се верува дека Господ идел ноќе и ако ја најде празна масата ќе биде гладен и дома ќе биле луѓето гладни. Да биди полна, за цела година да биди полна масата со јадење. Бадник секој треба да си биди дома, велат ако појдиш некаде ќе му останиш бадник да му бидиш цела година, затоа секоја дома, фамилијарно секој дома да си биди“, вели Ленче Спиркоска, членка на здружение „Преродба“.

 

Ја пренесуваме на младите и ги замолувам сите млади да ја видат нашата традиција како изгледа и тие да си почнат и истото да го повторат“, додаде Менче Милошеска, членка на здружение „Преродба“.

Во Прилеп пак нема празник или седенка каде не е вклучена и македонската песна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи