ВИДЕО – Над 250 деца учествуваа на конкурсот за ликовна и литературна творба на тема Божик во црквата Света Петка


Во црквата Света Петка пак за прв пат не само во Прилеп туку и во Македонија се организираше конкурс за ликовна и литературна творба на тема Рождество Христово или Божик. Учествуваа деца од 1 до 9 одделение поделени во 2 категори, од 1 до 5 и од 6 до 9 одделение. На конкурсот беа доделени 12 награди, а се пријавија над 250 учесници.

„Сакавме што повеќе и што поубаво да го приближиме празникот Божик на децата, навистина да го почувствуваат, да учествуваат во самиот празник. И да се поучат за овој празник па и тие покрај нив што им помагаат при создавањето на овие творби. И така поторжествено сите заедно да го прославиме речиси најголемиот христијански празник Божик“, рече протоереј Љупче Петрески, в.д. старешината на храм „Св. Петка“.

Организаторот протоереј Љупче Петрески вели дека овој настан се планира да остане традиција и идната година можеби и да добие и нов формат со вклучување на учениците и од средните училишта. Уште еднаш упати апел до сите деца и нивните родители утре на празникот Божик да дојдат и да се причестат на Литургијата, затоа што Божик е празник за децата.

„Божик е празник на децата затоа што токму тогаш го славиме раѓањето на Богомладенецот, детето Христос и така ги покануваме сите деца да присуствуваат на утрешната Богослужба и да се причестат. Минатата година на Божикната литургија кај нас во нашиот храм се причестија 270 дечиња. Веруваме дека и утре ќе имаме огромна бројка на деца кои ќе се причестат и ќе се сосединат со Господ Исус Христос“, додаде протоереј Љупче Петрески, в.д. старешината на храм „Св. Петка“.

 

ОВА СЕ ДЕЦАТА КОИ ГИ ДОБИЈА НАГРАДИТЕ:

Во литературната категорија од 1 до 5 одделение наградите ги освоија:

Прво место Ненад Ржаникоски од 4а одделение од ООУ „Рампо Левката“

Второто место му припадна на Максим Иваноски, од 5Г одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Третото место на Дариа Зајкоска, 3-1 одд, од ООУ „Климент Охридски“

Ненад Ржаникоски од 4а одделение од ООУ „Рампо Левката“

Дариа Зајкоска, 3-1 одд, од ООУ „Климент Охридски“

 

Во литературната категорија од 6 до 9 одделение награди добија:

Леон Цветкоски, 7-2 одд од ООУ „Блаже Конески“

Второ  место Тадеј Велјаноски, 8 одд. Од ООУ „Кочо Рацин“

Третото место и припадна на Јана Маркоска, 6-б одд. исто од ООУ „Кочо Рацин“.

Леон Цветкоски, 7-2 одд од ООУ „Блаже Конески“

Тадеј Велјаноски, 8 одд. Од ООУ „Кочо Рацин“

Јана Маркоска, 6-б одд. исто од ООУ „Кочо Рацин“

 

Во ликовната категорија

Првото место во категоријата од 1 до 5 одделение му припадна на Давид Силјаноски од 3-1 одд. од ООУ „Блаже Конески“

Второ место на Галена Крстеска од 2-2 одд, од ООИ „Блаже Конески“

Третото место на Ведрана Кареска, од 1-1 одд. ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Давид Силјаноски од 3-1 одд. од ООУ „Блаже Конески“

Галена Крстеска од 2-2 одд, од ООИ „Блаже Конески“

Ведрана Кареска, од 1-1 одд. ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

 

Во ликовната категорија пд 6 до 9 одд.

Првото место и припадна на Аника Рибеска, од 6-1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“

Второто место на Наталија Тодороска од 9-1 одд од ООУ „Блаже Конески“

Третото место на Атина Иваноска од 7-3 одд. од ООУ „Климент Охридски“.

Аника Рибеска, од 6-1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“

Наталија Тодороска од 9-1 одд од ООУ „Блаже Конески“

Атина Иваноска од 7-3 одд. од ООУ „Климент Охридски“

Освен наградените пофалници добија и голем број делиња и од литературната и од ликовната категорија кои имаа навистина прекрасни дела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи