ВИДЕО – Под мотото „Почувствувај радост“ и годинава во Прилеп се одржаа Бадниковите поворки


И оваа година под мотото „Почувствувај радост“ во Прилеп се одржаа Бадниковите поворки. Пријаваени беа 250 дечиња кои на Камената бина во центарот на Прилеп пред присутните ги пееја песничките „Вечниот Бог“, потоа „Тропарот на Рожденство Христово“ и „Кондак на Рожденство Христово“. Од градоначалникот Борче Јовчески беа дарувани со празнични пакетчиња.

„Годинава се пријавија окоу 250 дечиња. И сите заедно пееја во еден глас. Вежбавме околу 1 месец, имавме проби во домот за култура „Марко Цепенков“, имавме разботилница за изработка на ѕвездичките за достојно да може да го најавиме Божик. Интересот е многу зголемен за разлика од минатата година, родителите се поинформирани бидејќи станува се помасовно. Поворките се случуваат веќе 14 година. Оваа година имаме во 75 населени места и во неколку општини кои се во дијаспората“, рече Катерина Левкоска, координатор на Бадниковите поворки во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи