Денеска ексклузивно на каналот youtube e објавена новата македонска божикна композиција „Радувајте се, народи сите“ изведена од чтецот Андреј Иваноски и оперскиот тенор Стефан Неданоски од Прилеп.
Композицијата е репродуцирана во студиото Sound Pill Records од Ана Талевска, чиј композитор е Глигор Кондовски, а автор е Виолета Иваноска.
Во саботата на Бадник пред храмот Св. Петка во Прилеп, оперскиот тенор Стефан Неданоски и чтецот Андреј Иваноски пред публиката, ја објавија својата нова македонска божиќна композиција, „Радувајте се народи сите“, која беше топло прифатена со огромен аплауз.
Иваноски и Неданоски во иднина најавуваат целосен Божикен албум со православни песни и химни посветени за Христовото Рождество, а наскоро се очекува да има и видео спот за најновата песна песна „Радувајте се, народи сите“.
Слушнете ја оваа прекрасна песна за Богомладенецот Христос.
272