Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.
198