Почитувани сограѓани сакам да Ве поканам во името на Општина Прилеп, во сабота на 13-ти јануари, ден пред големиот празник Св. Василиј Велики- Василица или уште како и што народски си ја викаме православна Нова Година во 12 часот на платото пред градскиот саат заедно да го одбележиме празникот, почитувајќи ги нашите вековни обичаи, истакна денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
„Целта е овие прекрасни наши христијански празници и обичаи да ги изнесиме надвор помеѓу народот и во духот на заедништвото да ги одбележиме заедно.
За среќниот добитник следува пригоден и симболичен подарок. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои што се веќе вклучени и го поддржуваат овој настан, а се разбира дека секој е добредојден кој што сака да го помогне и поддржи овој настан затоа што ова се прави за сите граѓани на Прилеп и за заедништво во нашата општина“, рече Јовчески.