Даниела и Автоконтрол ја продолжуваат хуманата мисија на Љупче Перканоски


По којзнае кој пат компанијата „Авто Контрол” ја покажа својата општествена одговорност, особено кога е во прашање поддршката на спортот и спортските клубови во Прилеп. Мисијата на Љупче Перканоски, сега ја продолжува неговата сопруга Даниела Перканоска, а својата несебичност уште еднаш ја покажа, преку донација на спортска опрема за фудбалерчињата од генерацијата 2014 во фудбалската школа „ПЕРАК” кои ќе настапат на Меѓународен турнир во фудбал во Сараево, Босна и Херцеговина.

Тренерот на школата, Зоран Димоски, упати огромна благодарност за донацијата и вели дека оваа опрема е од огромна помош, особено пред настапот на овие млади деца на силниот Меѓународен турнир во Сараево.

„ФК Перак искажува голема благодарност до госпоѓа Даниела Перканоска сопственичка на Автоконтрол за несебичната подршка во вид на спонзорство на спортска опрема со кој потег им овозможи на нашите фудбалерчиња од ген. 2014 убаво спортски облечени да го претставуваат нашиот град Прилеп и нашата држава Македонија на силниот меѓународен турнир во Сараево во Босна и Херцеговина. се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Спортски поздрав и одиме со силна позитивна спортска енергија“, велат од ФК Перак.

 

 

Posted by Zoran Dimoski on Понеделник, 08 јануари 2024

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи