ВИДЕО – Димитриески: Никогаш не било полошо, на Македонија и треба одробување, во моментов е заробена држава, претворена во приватна сопственост


Вечерва во Прилеп во киното Мис Стон се одржа општинската изборна конференција на движењето ЗНАМ, општинска организација Прилеп, на која присуствуваше претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриески, кој истакна дека ова е седма општинска организација на политички субјект ЗНАМ, чија главна цел било одробувањето на Македонија која во моментов била заробена држава и се претворала во приватна сопственост која не ја посакува никој.

„На покана на членовите на политичката партија Движење ЗНАМ, За наша Македонија, вечерва присуствувам во Прилеп. Најпрво сакам да ги поздравам сите прилепчанки и прилепчани, за мене е голема чест што вечерва ова е седма општинска организација на новиот политички субјект ЗНАМ, кој се формира на просторот на Република Македонија и ние ќе продолжиме со тој интензитет да формираме општински организации во сите општини на територија на Република Македонија. Целта е, како што посочивме и претходно, една граѓанска иницијатива да се преточи во политички субјект кој има намера да ја преземе одговорноста да ја вода оваа држава во иднина, бидејќи секојдневно се соочуваме со секојдневни проблеми кои најмногу ги чувствуваат граѓаните.

Дали има разлика, да огромна е разликата помеѓу нас и останатите, бидејќи ние тоа во пракса го покажуваме дека тоа што го зборуваме и го имплементираме на дело. Таков е примерот со Куманово, каде всушност ова граѓанско здружение со сама граѓанска иницијатива убедливо победи на последните локални избори и тоа што го ветува и го реализира пред граѓаните, а во континуитет ќе продолжиме во нашите заложби во борба против корупцијата, криминалот и одробување на заробената држава, бидејќи веќе Македонија се претвора во приватна сопственост и во приватна држава која не ја посакува никој.

Никогаш не било полошо, граѓаните тоа го чувствуваат на сопствена кожа и сметам дека единствено граѓаните се тие, најповиканите кои можат да ја сменат состојбата во државата. Во континуитет во Македонија секогаш се гласало ПРОТИВ, никогаш не се гласало ЗА, сметам дека со една нова политичка понуда ќе дадеме опција и можност на граѓаните за прв пат можеби после 30 години реално и вистински да гласаат ЗА за еден нов политички субјект, каде сите подеднакво се еднакви и првенствено сите ќе добијат шанса, и оние луѓе кои имаат одредени корени во политиката, но и оние луѓе кои никогаш не биле во политиката и никогаш не добиле шанса.

Видете го профилот на луѓето вечерва кои се во оваа сала присутни и на сите наши конвенции досега на иницијатава за формирање на политичкиот субјект. Многу подобро е граѓаните да прашаат кои се овие луѓе, отколку со прст да покажуваат за одредени лоши навики. Како ќе постапуваме во иднина, првенствено со нови сили, со нова енергија да дадеме нови можности и една конкретна понуда како Македонија да излези од тешката криза во која во моментот се наоѓа“, истакна Димитриески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи