Вечерва во Прилеп во киното Мис Стон се одржа општинската изборна конференција на движењето ЗНАМ, општинска организација Прилеп. Претседателот на општинската организација во Прилеп, Емил Јанески, пред почетокот на изборна конференција истакна дека граѓаните во ЗНАМ препознаваат одбрана националните интереси и силна борба против криминалот и корупцијата.
„Прво сведоци бевме дека во октомври 2022 година беше формирано граѓанското здружение „За нашите граѓани“ во Прилеп и заедно со 9 останати граѓански здруженија во Македонија го формираа овој политички субјект, движењето ЗНАМ, За наша Македонија. Денеска ќе присуствуваме на општинската изборна конференција на движењето ЗНАМ, општинска организација Прилеп и убеден сум дека во периодот кој што следи движењето ЗНАМ ќе има битна политичка улога во политичкиот живот и на Прилеп и на Република Македонија.
Вашата порака до прилепчани?
Само да ги следат нашите активности во нарединот период и да се убедат дека сме од граѓаните за граѓаните, дека сме многу различни од сите досегашни политички субјекти формирани во Република Македонија, заради тоа што како граѓанско здружение прераснавме во политичка партија и заради тоа што можат во нас да препознаат одбрана и на националните и државните интереси и силна борба против криминалот и корупцијата и девастирањето на правниот систем во државата“, вели Емил Јанески.