Граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print

Според последните податоци на Евростат, домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја од земјите во регионот. И покрај субвенциите од Владата, македонските граѓани плаќааат поскап киловатчас од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија плаќа 10.5 евра за 100 киловатчаса и тоа е највисока цена во земјите од Западен Балкан.

Месец јануари ќе биде пресуден, дали граѓаните во иднина ќе добијат поевтина или уште поскапа електрична енергија. Овој петок истекува рокот за доставување понуди за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Која фирма ќе ги снабдува граѓаните во Македонија и со која маржа ќе учествува на пазарот на електрична енергија ќе се пресече по доставувањето на понудите.

Дали граѓаните ќе имаат подобар животен стандард или ќе крпат крај со крај да ги платат високите сметки за струја, ќе зависи од изборот на Универзалниот снабдувач, односно од изборот на компанија со најконкурентна понудена маржа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи