И оваа година, по четврт пат традиционално, во чест на големиот православен празник Богојавление Христово – Водици ќе се одржи традиционалното капење во Плетварско езеро на на 19 јануари со почеток во 11 часот.
„Ве покануваме и оваа година, традиционално во чест на големиот Православен празник Богојавление Христово на настан кој ќе се одржи на 19-ти јануари со почеток во 11 часот во с. Плетвар (кај езерото). Сите верници и посетители кои сакаат да бидат дел од овој настан да не известат на следниот телефонски број 078 520 792 или во порака најкасно до 17-ти јануари. Домаќини и кумови оваа година се Игор Димоски-Папе и Оливер Димески. Ве очекуваме заедно да го дочекаме и одбележиме големиот празник“, се вели во соопштението на организаторите.