Ден без автомобили, велосипедски и пешачки патеки се дел од барања на младите од Прилеп до Гоу Грин

Здружението Гоу Грин собра барања за одржлив транспорт кои ги испратија млади од Скопје, Куманово, Гостивар и Прилеп.

„Од собраните младински барања се избираат пет барања по општина. Секое барање коешто е доставено никако не е за потценување и да бидеме искрени малку ни е тешко кога треба да се издвојат најдобри пет. Првата селекција е преку избирање на оние кои содржат прецизни активности на точно определени локации. Бидејќи барањата треба успешно да бидат имплементирани, гледаме да се изберат најкорисните и најреалните кои понатака ќе придонесат за поодржлива општина. Барањата се селектираат според надлежностите што општините ги имаат, заедно со младинските претставници или младинските службеници за да може да биде што пореално реализирано наредната година“, велат од Гоу Грин.

Меѓу годинешните барања на младите се велосипедски патеки, одредување „Ден без кола“, субвенции за велосипеди и семафори.

Во прашалникот со свои предлози учествуваа млади на возраст од 15 до 29 години. По примањето на сите барања, Гоу Грин избраните ги доставиле до градоначалниците во општините.

„Сметаме дека вакви микро процеси како е нашата иницијатива се потребни за да ги „раздвижат“ и младите и вработените во општините за овие младински прашања. Да се создаде ниво на свест и разбирање со цел да се надмине токенизмот, и да има суштинско младинско учество. Вклученоста на младите во зелените политики не е само симболичен гест; тоа е стратешки приоритет за градење одржлива иднина. Со иновациите и младинската перспектива на младите, ние го откклучуваме потенцијалот за трансформативни промени“, посочуваат од Здружението.

„Точно е дека, помеѓу општините со кои соработуваме постојат и општини што се и што се помалку заинтересирани, но, досегашната работа кажува дека има доста луѓе, особено младинските претставници се секогаш достапни и секогаш заинтересирани да поттикнеме промена и заедно да ја подобриме младинската инфраструктура во општините каде што соработуваме“, истакнуваат од Гоу Грин.

Прашалникот беше отворен за младите од јули до декември 2023 година.

Извор: Радио МОФ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи