Инженерите покренаа иницијатива државата сама да го изгради Чебрен – премиерот е за приватен инвеститор


Откако пропадна и 14тиот тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, Здружението на инжинери на Македонија поднесоа иницијатива до Владата и Собранието да се донесе Закон за проектот, односно државата да биде таа што ќе ја гради „Чебрен“.

„Целта на оваа иницијатива е активностите на државните институции, кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без обѕир која политичка партија ја формира владата“, велат инженерите.

На иницијативата на која се потпишани преку 20 експерти, наведени се повеќе причини зошто проектот проектот треба да го гради самата држава. Според нив тоа ќе донесе огромни придобивки за целокупната економија во државата

„Даваме насоки што би требало и велиме зошто е добро за Македонија, кои се придобивките. Очекуваме да ја прифати иницијативата. Знаеме дека сме пред избори, но бидејќи рекоа нема иницијатива, поднесена е, а ние сме длабоко уверени знаеме дека можеме како Македонија ова да го направиме, потребно е за државата, финансиски нема да биде преголем товар“, рече Константин Димитров, професор енергетика.

Премиерот Димитар Ковачевски, од друга страна, смета дека од финансиски аспект добро е да се има приватен инвеститор бидејќи на тој начин не се оптоварува јавниот долг со нови задолжувања.

Земете ги како пример САД, најголемите енергетски капацитети се на приватни корпорации. Го почитувам мислењето на Здружението на инжиенерите, тие се искусни. Некои се присутни во научната и практичната сфера четири децении. Четири децении тие капацитети не се изградени во државата. Лани, за справување со енергетската криза, работевме со капацитети стари по 45 години, 84 години руска технологија се и Битола и Неготино. Работеа со полн капацитет благодарение на вработените таму“, рече Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи