Хорор во Кичево – татко до смрт ја претепал својата 2 годишна ќерка

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера на улицата „Маршал Тито“ го уапсија Ф.Д.(30) од Кичево, кој се сомничи дека на 18. декември 2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка.

„На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Мајката првично во полиција дала исказ дека девојчето паднало од височина, од мебел, па дека било истепано од деца, но по резултатите од обдукцијата било констатирано дека се работи за претепување.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи