Нова година – ново задолжување преку обврзници од речиси 200 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Преку издавање на 2 државни обврзници Владата се задолжи за 189 милиони евра кај домашните банки, едната на 71 милиони евра, а другата на 118 милиони евра.

Она што е симптоматично е дека овие големи суми на домашни заеми се земаат со куси периоди на доспевање, односно првата обврзница треба да се врати после две, а втората после три години.

Засега нема одговор од Владата зошто државата толку итно се заборчува на самиот почеток од годината, односно за што ќе се трошат овие речиси 200 милиони евра. Според календарот на Министерството за финансии за враќање на стари долгови, во периодот што следи треба да се вратат речиси 40 милиони евра, но таа сума е далеку помала од новото задолжување на Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи