ВИДЕО – Љупчо Трајкоски е среќниот пронаоѓач на паричката за Василица во Прилеп


47 годишниот Љупчо Трајкоски годинава е среќниот пронаоѓач на паричката за настанот „На Василица во Прилеп“,кој веќе трета година по ред се одржува на платото пред Градскиот саат. Од Општината беше даруван со пригодна награда крст. Трајкоски рече дека за прв пат во животот паричката му паѓа нему. Испрати желби за здравје и среќа до сите, но една лична желба да се вработи, затоа што бил невработен.

„Чест ми е што ја добив оваа награда, среќен сум, им посакувам на сите прилепчани многу среќа, да му донесе и нив многу среќа, да се продолжи оваа традиција која што е многу убава. За многу години да ни е Василица и Среќна Нова Година на сите во цела Македонија. За прв пат ми паѓа парето и многу сум среќен, многу сум среќен, моментално не сум вработен, се надевам дека ќе ни биде среќна и бериќетна оваа година“, рече Љупчо Трајкоски, среќниот пронаоѓач на паричката.

Организатори на настанот се Општина Прилеп и општествено одговорни компании кои на сите присутни им поделија 500 парчиња бурек, греано вино и топол чај. А само во еден бурек имаше специјална изгравирано паричка.

„Му посакувам на среќниот добитник на паричката да има среќа, бериќет, радост во семејството, она се што нашата традиција и вера ни дозволува да му посакаме на нашиот сограѓанин. Во исто време им посакувам на сите мои сограѓани да имаат убава среќна нова година 2024 и да уживаат во благодетите и бериќетот на опваа година“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Граѓаните кои беа присутни во голем број велат дека според традицијата утре за ручек во Прилеп сите фамилии вртат, пита, мазник или бурек со паричка. А вечерва пак во угостителските објекти или по домовите најчесто се собираат друштвата, пријатели, познаници или колеги кои исто така вртат бурек со паричка.

„Јас сум од Скопје, моментално имам стан тука и живеам во Прилеп, дојдов по бурекот за паричка, можеби ќе имам среќа да ми се падне мене“, кажа една граѓанка.

 

„Во Прилеп е единствено што овој празник се обележува вака и за младите и за старите. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму. Луѓето се задоволни ја сакаат традицијата. Утре сите за ручек цела фамилија се собираме и го вртиме парето. А вечерва се собираме друштвото, другарите, се бира домаќин, убаво се поминуваме“, додаде деруг граѓанин.

Идејата е идната голдина овој настан да прерасне во уште еден голем прилепски бренд, да се зголеми бројот на поделени буречиња и настанот пропратен со соодветна културна и музилка програма да започне да привлекува гости од цела Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи