На 16.01.2024 во ОВР Прилеп, М.И.(32) од Прилеп пријавил дека околу 05.00 часот на улица „Кеј 9 Септември“ во Прилеп било опожарено неговото патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки.
Од пожарот била оштетена и фасада од зграда и три стаклени излози на приземјето од зградата.
Ова е петто опожарено возило во Прилеп за краток период. СВР Битола работи на расчистување на настанот.