Османи: Место да даваме лажна надеж, да го забрзаме издавањето на пасоши до 12 февруари

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не е фер на граѓаните да им се дава лажна надеж дека може да се одложи рокот за промена на пасошите со новото уставно име. Тој денес ги повика институциите да се организираат и до 12 февруари да се издадат колку што може повеќе пасоши, а решение за оние што ќе останат со несменети пасоши ќе се бара на 13 февруари.

„Договорот од Преспа е меѓународен договор. Јас мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор или дека ќе се смени законот за спроведување на уставните амандмани, треба да работиме на тоа граѓаните да немаат пречки после 13 февруари. Да се забрза издавањето на пасоши, да почне налепниците да се лепат на регистерските таблички и мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека е обврска која што се провлекува 5 години и да се обидеме до 13 февруари да ги средиме документите на граѓаните, притоа не на сметка на граѓаните, туку државата треба да ги направи тие напори, па ако треба и да ги компензира граѓаните кои во овој период треба да ги сменат своите лични документи. Овој пристап е поздрав отколку добивање политички поени за нешто што нема да можеме да го направиме, ниту оваа претставка до Уставниот суд не може да го смени Преспанскиот договор, ниту било кои законски измени. Ајде да се организираме, да побараме разбирање од граѓаните за нешто што сме го презеле како обрвска и да го решиме тоа прашање до 13 февруари. Пофер е да им се каже на граѓаните – имаме обврска, ајде да се организираме да помине без многу потешкотии, отколку сега заради некаква политичка придобивка во предизборие да им се дава лажна надеж дека ќе се одложи рокот. Гледаме дека гужвите се намалуваат во одредени делови, ајде да ги ставиме сите сили институционални на располагање на граѓаните да немаат проблеми со патување после 13 февруари“, кажа Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во МНР.

Грчката страна, според министерот, има целосно разбирање за техничките аспекти од процесот. Разговарале за сите детали, вклучително и за тоа колку часови луѓето чекаат и зошто е тоа така. Осмеани вели дека и покрај разбирањето од грчката страна, очигледна е обврската од меѓународниот договор и таа останува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи